14.07.2023 Скопје
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски, објави дека во утринските часови е отстранет бесправно изграден објект на државна парцела во близина на булеварот Христијан Тодоровски-Карпош.
Костовски порача дека додека тој раководи со општината, нема да има бесправно изградени објекти и узурпација во Бутел.
„Без разлика кој од каде доаѓа, без разлика кој на која позиција се наоѓа, без разлика дали некој ми е роднина, пријател, другар или комшија, законите мора да важат за сите исто. Никој нема право да зема моќ и да мисли дека е над законот“, истакна градоначалникот Костовски.
Исто така, Костовски додаде дека ако во минатото сето ова било секојдневие, „денес имаме поставено ред во урбанизмот и за урбаната мафија нема место во општината“.
Подготвено од А.Ѓ.