ungarija zabrana na uvoz od ukraina

21.07.2023 Скопје

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто смета дека предлогот на раководството на ЕУ да и се даде на Украина 20 милијарди евра воена помош во следните четири години ќе ги продолжи непријателствата во земјата во наредните години.

Сијарто изјави дека високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Бореч, предложил да се издвојат 20 милијарди евра за финансирање на испораката на оружје за Украина во период од четири години.

„Со ова практично се воспоставува воен режим за следните години“, рече Сијарто, кој учествуваше на состанокот со колегите од земјите на ЕУ во Брисел.

„Последните 500 дена од војната покажаа дека украинскиот конфликт не може да се реши на бојното поле, а колку повеќе оружје се испорачува, толку повеќе ќе има смртни случаи“, истакна Петер Сијарто.

Сијарто побара од Брисел, Париз и Вашингтон да и донесат мир, а не оружје на Украина.

Тој додаде дека сега не треба да се размислува за мир во Украина, само краткорочно, туку и долгорочно.

„Накратко да го сумираме она што беше кажано во последните неколку часа, можам да ви кажам дека тие навистина не сакаат да зборуваат за мир. Што вели ЕУ? Во Украина ќе има воена зона во следните четири години“, им рече Сијарто на новинарите.

Тој изјави дека ваквиот предлог е шокантен, и дека прашање е колку луѓе ќе загинат во тие четири години додека се финансира набавката на оружје за 20 милијарди евра.

„Колку Унгарци од Закарпатската област ќе загинат во овие четири години?“, праша министерот за надворешни работи на Унгарија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author