https://www.facebook.com/photo/?fbid=1859727904298123&set=a.198735918283010

18.07.2023 Скопје

Руските сили соопштија дека во текот на вчерашниот ден успешно одбиле напад од 28 украински беспилотни летала.

Оваа информација ја соопшти руското Министерство за одбрана, според кое нема штети или жртви.

„Седумнаесет украински беспилотни летала беа уништени од системи за противвоздушна одбрана. Единаесет други беспилотни летала беа неутрализирани со радио-електронски средства и паднаа без да стигнат до целта“, стои во соопштението од руското Министерство за одбрана.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *