31.07.2023 Скопје
Напад изведен со украински беспилотни летала погоди полициска станица во текот на ноќта во руската област Бријанск, на границата со Украина, соопшти регионалниот гувернер Александар Богомаз.
Во соопштението на гувернерот Богомаз стои дека, во нападот нема жртви, односно предизвикана е само материјална штета на полицискиот објект.
Нападите со беспилотни летала на руска територија и на полуостровот Крим, се намножија во последните недели, наспроти позадината на контраофанзивата во Киев која започна на почетокот на јуни.
Вчера наутро Русија објави дека во текот на ноќта одбила два одделни напади со украински беспилотни летала, едниот против полуостровот Крим, а другиот извршен токму во центарот на Москва.
Подготвено од М.Н.