25.07.2023 Скопје
Русија го нападна главниот град на Украина шести пат овој месец, објави воената управа на Киев. Од таму известија дека воздушните напади се извршени со беспилотни летала од иранско производство.
Шефот на воената администрација на Киев, Серхи Попко соопшти дека сите летала биле соборени од украинската ПВО.
ВВС издадоа предупредување за воздушен напад за источните и југоисточните региони, со оглед на тоа дека постои нова закана од напади со балистичко оружје на споменатите области, се вели во соопштението на Попко.
Сирените за тревога се огласија околу час и половина по полноќ, а освен во областа Киев, тие се слушнаа во поголемиот дел од источниот дел на земјата. Засега нема пријавено жртви или значителна материјална штета.
Подготвено од М.Н.