20.07.2023 Скопје
Русија би можела да нападне цивилни бродови кои пловат во Црното Море и да ја обвини Украина за нападите, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Адам Хоџ, коментирајќи го повлекувањето на Москва од договорот за транзит на украинско жито низ Црното Море.
Според Хоџ, руската војска поставила повеќе поморски мини долж приодите кон Одеса и другите украински пристаништа, а вчера руското Министерство за одбрана предупреди дека секој товарен брод што се приближува до украинскиот брег ќе се смета за воена цел.
„Веруваме дека ова е координиран напор да се оправдаат какви било напади врз цивилниот брод во Црното Море и да се бара одговорност од Украина за овие напади“, истакна портпаролот Хоџ.
Подготвено од М.Н.