https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3156664121250609&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

07.07.2023 Скопје

Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека неговата земја и Бугарија се договориле за поактивна соработка во одбранбениот сектор и дека ја поканил Софија да учествува во обновата на Украина.

„Разговаравме за воената помош што Бугарија и ја дава на нашата земја. Сметаме на континуирана соработка која веќе спаси многу животи“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со бугарскиот премиер Николај Денков во Софија.

Тој им се заблагодари на своите домаќини за нивната поддршка додека Украина се бори против руските сили кои започнаа специјална воена операција пред повеќе од 16 месеци.

Бугарија е членка на НАТО и ЕУ, групи во кои Украина сака да се приклучи. Зеленски пред разговорите изјави дека на дневен ред на неговата посета на Софија е самитот на Алијансата во Литванија следната недела.

Непосредно пред обраќањето на двајцата лидери беше потпишан меморандум за енергетска соработка меѓу Украина и Бугарија.

Зеленски рече дека ја поканил Бугарија да учествува во напорите за обнова на Украина, особено во обновата на образовниот сектор. Зеленски рече дека Бугарија е подготвена да помогне и во областа на екологијата и дигитализацијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author