07.07.2023 Скопје
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика лидерите на НАТО да преземат конкретни чекори за прием на Украина во Алијансата на самитот во Вилнус, кој ќе се одржи следната недела.
Претседателот Зеленски истакна дека на Украина, која 17 месеци војува против руските агресори, и треба многу повеќе од општа изјава дека вратата на НАТО е само „отворена“.
Украина сака да се приклучи што е можно поскоро, но мислењето на членките на НАТО е поделено за тоа колку брзо треба да се преземат овие чекори.
Некои земји-членки се претпазливи за потезите за кои стравуваат дека може да ја доближат Алијансата до активна војна против Русија.
Претседателот на Украина бара јасен знак од НАТО од самитот што ќе се одржи во Вилнус на 11 и 12 јули дека ќе може да се приклучи на воената Алијанса кога ќе заврши војната.
Подготвено од М.Н.