https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3104750806441941&set=pb.100007211555008.-2207520000..&type=3

07.07.2023 Скопје

Владата на Украина поднесе формална апликација за приклучување кон Сеопфатниот и прогресивен договор за транспацифичко партнерство (CPTPP).

Ова го соопшти министерот за економија на Јапонија, Шигејуки Гото, според кој Киев ја доставил апликацијата до земјата депозитар на договорот, Нов Зеланд.

Сега ќе зависи од земјите-членки ригорозно да проценат дали Украина целосно ги исполнува високите стандарди од договорот во однос на правилата и отворањето на пазарот.

Договорот за слободна трговија CPTP, кој стапи на сила во декември 2018 година, ги вклучува Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Виетнам, а минатата година Обединетото Кралство беше одобрено да се приклучи како 12-та земја членка.

Подготвено од М.Н.

About Author