29.07.2023 Скопје
Директорот на Националната асоцијација на туристички агенции (Јута), Александар Сеничиќ соопшти дека вонредната состојба е укината на целиот Родос.
Како што се наведува во соопштението доставено до медиумите, животот на тој грчки остров се враќа во сосема нормален режим, вклучително и регионите кои беа зафатени од пожарот.
„Жителите на Родос, кои херојски се справија со тешкотиите во овие тешки денови, заедно со грчката држава, со нетрпение очекуваат да продолжат да им даваат „услуги и нивното единствено гостопримство на странските туристи“ со посебно внимание“, се вели во соопштението.
Подготвено од А.Ѓ.