28.07.2023 Скопје
УЕФА се очекува да поведе дисциплинска постапка против Шкупи и Левски за инцидентите поврзани со синоќешниот дуел одигран во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“.
Мечот од второто квалификациско коло во Конференциската лига го следеа 6,000 гледачи, а според најавите на нашиот најголем стадион се очекуваа околу 1,000 бугарски фанови да присуствуваат на трибините како поддршка за Левски.
За време на мечот беа користени факели и други недозволени пиротехнички средства што е во спротивност со правилникот на УЕФА, а имаше и дискриминаторско скандирање од страна на навивачките групи на двете екипи.
На средина од второто полувреме беше издадено официјално предупредување на Арената во Скопје дека натпреварот може да биде прекинат доколку се продолжи со таквото скандирање.
Реваншот помеѓу Левски и Шкупи ќе се игра на 3 август во Софија од 19.00 часот по локално време.
Подготвено од М.Н.