kina elektricni avtomobili

14.07.2023 Скопје

Европскиот пазар на електрични автомобили рапидно расте, а од земјите во Централна Европа, најмногу напредува Унгарија. Меѓутоа, таа земја, како и Чешка и Словачка, во моментов заостануваат зад ЕУ, каде што уделот на електричните автомобили е зголемен за 12 отсто.

Во Унгарија уделот на целосно електрични автомобили на пазарот на нови автомобили се зголеми на повеќе од шест отсто за една година, што е значително над уделот од 2,4 отсто, на пример, во Чешка.

„Усвојувањето на електрични возила се забавува поради фактот што тие се поскапи од конвенционалните автомобили, но преовладувачките шеми за финансирање донекаде ги надоместуваат дополнителните трошоци“, вели Левенте Суба, од K&H Bank, која ја направи својата проценка за пазарот на електричните автомобили.

Според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), 12,1 отсто од патничките автомобили кои штотуку беа пуштени на пазарот во првиот квартал од оваа година биле исклучиво електрични.

Во истиот период во 2022 година нивното учество изнесувало десет проценти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author