24.07.2023 Скопје
Поранешниот директор на Црногорската полициска управа, Веселин Вељовиќ, утрово е уапсен во акција на Специјалното полициско одделение (СЈО), по налог на Специјалното државно обвинителство.
Според извештаите, Вељовиќ е уапсен во соработка со Агенцијата на Европската унија за соработка во спроведувањето на законот (ЕУРОПОЛОМ).
СЈО од утрово врши претреси во Подгорица, Мојковац, Жабљак и Никшиќ, а во полициската акција има уште уапсени.
Веселин Вељовиќ беше директор на Црногорската полициска управа од летото 2007 до 2011 година, а потоа од 30 јули 2018 до 17 декември 2020 година беше прв човек на црногорската полиција во вториот мандат.
Подготвено од А.Ѓ.