24.07.2023 Скопје
Податоците на Монстат покажуваат дека во Црна Гора минатата година имало 18.400 компании во странска сопственост, што е за 25,4 отсто повеќе од 2021 година.
Во соопштението се наведува дека најголем број активни деловни субјекти во странска сопственост, според земјата на потекло на сопственикот, има од Турција, пет илјади или 27,2 отсто, Русија 4.380 или 23,8 отсто, Србија 2.140 или 11,6 отсто и Украина 874 или 4,7 отсто.
Најголем број компании со странска сопственост лани имало во Будва, 5.770, што е 31,3 отсто од вкупниот број. Потоа следат Подгорица и Бар.
По сектори на дејност, најмногу претпријатија во странска сопственост има во секторите трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли 3.970, потоа стручни, научни и технички дејности и градежништво.
Гледајќи ги активните деловни субјекти по општина и земја на потекло на сопствениците, во Будва и Подгорица има најактивни деловни субјекти во странска сопственост од Турција, а во Бар, Херцег Нови и Тиват од Русија.
Подготвено од А.Ѓ.