11.07.2023 Скопје
Турција сака да изгради уште две нуклеарни централи на своја територија, а за овие проекти преговара со Русија, Кина и Јужна Кореја.
Анкара планира да има една нуклеарна централа во провинцијата Синоп, а другата во Тракија.
„До 2050 година Турција ќе произведува повеќе од 20.000 мегавати нуклеарна енергија, што е речиси четири пати повеќе од производството на нуклеарната централа Акуџу“, рече Бајрактар.
Тој прецизираше дека некои нуклеарни централи ќе бидат големи – како оние во Синоп и Тракија, додека Анкара ќе добива енергија и од мали модуларни реактори.
„Во однос на реакторите, тесно соработуваме со Велика Британија и САД, а можеме и да ги произведуваме“, рече Бајрактар.
Истовремено, турскиот министер ја пофали тековната работа на изградбата на нуклеарната централа Акуџу, која Русија ја гради на територијата на Турција.
„Акују е најголемото нуклеарно градилиште во светот, со четири реактори кои се градат во исто време. Следната година ќе почнеме да произведуваме енергија од оваа централа“, заклучи турскиот министер за енергетика Алпарслан Бајрактар.
Подготвено од А.Ѓ.