20.07.2023 Скопје
Турција претходно на КБС и обезбеди опрема вредна над 100 милиони евра, а интензивно се работи и на обука на персоналот од Приштина.
Не треба да заборавиме дека во овој момент најброен е контингентот турски војници во рамките на КФОР (780 од вкупно 4.511), а потоа следат војниците од САД (679).
Во октомври командата на КФОР ќе ја преземе генерал од Турција, а се очекува во тој момент Анкара да има повеќе од 1.000 војници на Косово, повеќето од нив ќе бидат стационирани во касарната „Султан Мурат“ кај Призрен, а неодамна беше потпишан договор меѓу Анкара и Приштина за соработка на воено поле.
Исто така, треба да се потсети дека во 2018 година, косовската влада усвои план кој предвидува трансформација на КБС во т.н. војската на Косово во рок од десет години (2028), а Турција во моментов е земја која најмногу инвестира во споменатиот проект.
Подготвено од А.Ѓ.