17.07.2023 Скопје
Турција се надева дека Русија денеска ќе ја открие својата одлука за продолжување на договорот за пченица.
Извор близок до преговорите изјави дека во овој момент се уште нема нови информации, но денес се очекува официјална одлука од странана Русија, поврзана за црноморската иницијатива за пченица која истекува денеска.
Договорот за кој станува збор претставува важен договор за гарантирање на снабдувањето во најсиромашните земји во Африка и Азија и избегнување на глад што би можел да ги поттикне миграциските текови.
Доколку од руска страна не се продолжи договорот за извоз на пченица, во светот се очекува драстично зголемување на цените на брашното и прехрамбените продукти, а со самото поскапување ќе се зголеми бројот на осиромашување на нациите, особено во оние региони каде што веќе оваа тема веќе е премногу сензитивна и застапена.
Подготвено од М.Н.