shvedska i turcija

31.07.2023 Скопје

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан ја повика Шведска да преземе конкретни чекори за да спречи повторно палење на Куранот.

Во телефонски разговор, Фидан му рекол на својот шведски колега Тобијас Билстром дека продолжувањето на таквите „гнасни акции“ под превезот на слободата на изразување е неприфатливо.

Фидан и Билстром разговарале и за барањето на Шведска за членство во НАТО.

Претходно денеска шведскиот премиер Улф Кристерсон објави дека разговарал со данската премиерка Мете Фредериксен.

Според него, двајцата се согласиле дека ситуацијата е опасна.

Шведската влада соопшти дека овој месец ќе испита дали може да го промени Законот за јавен ред за да ѝ даде на полицијата можност да забрани демонстрации кои ја загрозуваат безбедноста на Шведска.

И данските власти најавија дека сакаат да воведат одредени ограничувања кога станува збор за протести на кои се пали Куранот.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author