10.07.2023 Скопје
Ладната вода е добра за здравјето и убавината, а не само за утринското будење. Ладниот туш може да делува како терапија која ќе ви помогне да се чувствувате подобро, особено после вежбање.
Ако редовно се туширате со ладна вода, ќе ги имате овие здравствени придобивки:
Подобро спиење
Ладната вода го намалува нивото на хормоните на стресот, помага да се опуштите и побрзо да заспиете. Ладниот туш исто така може да го подобри расположението и да го зголеми нивото на добри хормони, спречувајќи ја несоницата.
Губење на тежина
Ако некогаш сте се обиделе да изгубите тежина, знаете колку тоа може да биде исцрпувачки. За среќа, постојат неколку едноставни начини да се ослободите од вишокот килограми, а еден од нив е и ладниот туш.
Кога го изложувате вашето тело на ладна вода, масните клетки на ткивото се активираат за да генерираат топлина. Овој процес помага побрзо да согорувате калории.
Повеќе сјајна коса
За разлика од топлата вода, ладната вода не ја суши косата и ги затвора и зајакнува кутикулите на косата. Кога ја миете косата со поладна вода, таа го задржува непроменетиот слој на себум. На косата и е потребна оваа природно подмачкана бариера за да остане хидрирана.
Подготвено од А.Ѓ.