tramp ke izleze pred sudija

17.07.2023 Скопје

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го објасни својот план да обезбеди мир во Украина во рок од 24 часа по повторното заземање на Белата куќа.

Поранешниот американски претседател рече дека има добри односи со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека Џо Бајден „не е способен да се занимава со светските лидери“.

„Ова се паметни луѓе, вклучувајќи го и францускиот Макрон. Можам да ја разгледам целата листа на луѓе, вклучувајќи го и Путин. Овие луѓе се остри, а ние имаме човек кој нема поим што се случува. Ова е најопасното време во историјата на нашата земја“, рече Трамп.

Во врска со тоа што би направил за да го прекине конфликтот, Трамп рече дека ќе ги натера и Русија и Украина да го прекинат конфликтот.

„Го познавам Зеленски многу добро, а Путин го познавам уште подобро. И со двајцата имав добри, многу добри односи. Би му рекол на Зеленски, не продолжувај. Мора да се договорите. Јас би му рекол на Путин, ако не се договорите, ќе му дадеме многу на Зеленски“, одговори Трамп.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author