21.07.2023 Скопје

Торнадо денеска го погоди Милано, а на социјалните мрежи се појавија страшни снимки од невремето.

Силен бран на лошо време, со екстремни појави, денеска околу 11 часот ја зафати Ломбардија.

Како што може да се види на видеата кои кружат по социјалните мрежи, небото сред бел ден поцрне, додека торнадото носеше се пред себе.

Во петокот наутро во североисточниот дел на Милано, пожарникарите извршија околу 110 интервенции, поради поплави, покривање покриви и паднати дрвја по насилното невреме.

Силен бран бури, со екстремни појави како град поголем од тениско топче, со пречник до 7-8 сантиметри го зафати северниот дел на Ломбардија, како и Венето, во текот на ноќта.

Утрово беше забележано силно невреме со град, дожд и ветер во областа Сароно, поплавени се два подвозници, а патиштата се блокирани од паднатите дрвја.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *