05.07.2023 Скопје
Франц Летица, претседател на угостители и туристички работници во Хрватската занаетчиска комора (ХОК), рече дека ако цената на сладоледот во Крк е 3,5 евра, тоа значи дека побарувачката е голема и таа цена е реална.
„Цената на топка сладолед се фактурира според тоа каде се наоѓа ресторанот, цената за изнајмување деловен простор, комуналните такси“, изјави Летица.
Тој објасни и дека следен фактор е цената на трудот. На работникот треба да му се исплатат сместување, храна и плата.
„И тогаш имате влезни прехранбени производи кои поскапеа за 100 проценти“, потенцира Летица.
Тој наведува дека сите истражувања покажале дека гастрономијата е нешто на кое се базира туризмот во Хрватска.
„Новинарите секогаш прашуваат за цената, но не и дали гостите се задоволни од храната“, вели тој.
Тој додаде дека драстичното поскапување може да се оправда само со квалитет.
Мајда Шале, директорка на Туристичкиот одбор на островот Крк, нагласува дека секоја година пред сезоната поскапуваат цените на услугите вонпансионат, вклучително и сладолед.
„Кој сака сладолед во сезона, ќе го купи по цена од три евра“, рече таа.
„На Крк одмараат над 35.000 гости, а досега немавме забелешки за цените“, истакна Шале.
Таа додава дека малопродажните синџири ги покачиле цените кои освен туристите ги плаќа и локалното население.
„Нашите гости најчесто бараат добра храна од ОПГ, а цените на оваа храна се повисоки“, вели таа.
Подготвено од А.Ѓ.