tik tok

26.07.2023 Скопје

Социјалната мрежа TikTok објави дека ќе воведе и можност за објавување текстуални објави.

Целта на оваа новина е да привлече корисници кои можеби бараат алтернатива откако Twitter се ребрендира во X.

„Овој потег претставува проширување на границите на создавање содржина за сите на TikTok“, велат од компанијата.

Корисниците исто така ќе можат да додаваат обоени позадини, „стикери“ и звук на објавите.

Објавите ќе бидат ограничени на илјада зборови.

Воведувањето на оваа функција „најверојатно ќе влијае на Twitter (X) и на Meta’s Threads.

Твитер објави дека нивните приходи од реклами паднале за цели 50 отсто, поради повлекувањето на огласувачите.

Социјалната мрежа „Threads“ ја користи постоечката база на податоци на Инстаграм и веќе има 100 милиони корисници. Бројот на корисници кои се активни на дневна основа е намален за 70 проценти.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author