05.07.2023 Скопје
Нови детали доаѓаат од Тел Авив, каде десет израелски државјани беа повредени во близина на трговски центар, во нападот што го извршил Палестинец во неговиот автомобил, а потоа и со бело оружје.
Извршителот на нападот, кој е неутрализиран од случајни минувачи, веднаш е идентификуван како Хасин Халила, 23-годишно момче од Палестина кое живее во Хеброн, на Западниот Брег, а успеал да влезе на израелска територија благодарение на здравствената дозвола.
Палестинските медиуми соопштија дека групата Хамас која е на власт во Појасот Газа и движењето Исламски џихад чие воено крило е составено од бригадите Ал Кудс ја дефинирале „операцијата во Тел Авив“ како „прв одговор на злосторствата на израелските окупаторски сили врз нивниот народ во бегалскиот камп Џенин“.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем, во кратко излагање за печатот изјави дека „тоа е демонстрација на она што го потврди (палестинскиот) отпор, а тоа е дека окупационите сили ќе ја платат цената за нивните злосторства против бегалскиот камп Џенин“.
Подготвено од М.Н.