05.07.2023 Скопје
Од Независниот Синдикат на Државна Администрација соопштија дека денес со почеток од 10 часот судската администрација ќе излезе на протест.
Од Синдикатот на УПОЗ изјавија дека, револтот кај вработените во судската администрација е голем особено по одлуката на Уставниот суд со која платите на избраните и именуваните лица се зголемени за 78 проценти.
Судската администрација пред еден месец излегоа на протест со барање да се вратат додатоците на плата до 35 проценти, како и итно да биде донесен законот за судска служба.
Подготвено од М.Н.