svedska nato

07.07.2023 Скопје

По средбата меѓу претставниците на Турција, Финска и НАТО за одлучување за евентуалниот влез на Шведска во Атлантската алијанса, Столтенберг на прес-конференција изјави дека Шведска ги има исполнето обврските преземени во рамките на трилатералниот меморандум.

„Шведска го измени својот устав и воведе нова антитерористичка легислатива, ги укина ограничувањата за извоз на оружје во Турција и ја засили антитерористичката соработка, вклучително и против ПКК. За време на средбата, сите се согласивме дека е постигнат добар напредок и дека полноправното членство на Шведска е во безбедносните интереси на сите сојузници. Сите сакаме да го завршиме овој процес што е можно поскоро“, истакна Столтенберг.

Столтенберг додаде дека, сите кои беа против Турција и против НАТО во Шведска, и кои сакаа да ја спречат Шведска да влезе во НАТО, да ја прекинат соработката против тероризмот и да ги ослабат сојузниците на НАТО, се излажаа дека ќе успеат во тоа.

Затоа секое дополнително одложување на пристапувањето на Шведска ќе биде добредојдено за ПКК и за претседателот на Русија, потенцираше Столтенберг.

„Приемот на Шведска е на дофат, ратификацијата на членството не значи крај на соработката со Турција. Далеку од тоа, како што покажа континуираната посветеност на Финска. Ќе свикам состанок со претседателот Ердоган и шведската премиерка Кристерсон во понеделник во Вилнус како следен чекор во овој процес“, заклучи Столтенберг.

Подготвено од М.Н.

About Author