18.07.2023 Скопје
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтембер ја осуди одлуката на Русија да го суспендира договорот за бесплатен транспорт на жито преку Црното Море.
„Ја осудувам едностраната одлука на Русија да се повлече од Црноморската иницијатива за жито, и покрај напорите на нашиот сојузник Турција и Обединетите нации“, напиша Столтенберг на Твитер.
Тој додаде дека „илегалната војна на Русија против Украина продолжува да им наштетува на милиони ранливи луѓе ширум светот“.
Раскинувањето на договорот за транспорт на жито преку Црното Море значи повлекување на гаранциите за безбедноста на пловидбата, како и стеснување на поморскиот хуманитарен коридор и затворање на заедничкиот координативен центар во Истанбул, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Беше нагласено дека „без учество на Русија, Црноморската иницијатива ќе престане да функционира од денес, 18 јули“.
Подготвено од А.Ѓ.