11.07.2023 Скопје
Сојузниците во НАТО треба да се согласат да го ослободат Киев од обврската за исполнување на условите од Акциониот план за членство (МАП) со цел Украина во иднина да стане членка на Алијансата, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Украина измина долг пат откако во 2008 година одлучивме дека следниот чекор ќе биде Акциониот план за членство. Киев е многу поблиску до НАТО, така што мислам дека е време тоа да се одрази во одлуките на Алијансата“, изјави Столтенберг.
„Јасно ќе ставиме до знаење дека Украина ќе стане членка, ќе го отстраниме Акциониот план за членство, ќе испратиме многу силна и позитивна порака од НАТО до Украина“, рече Столтенберг.
Подготвено од А.Ѓ.