28.07.2023 Скопје
Францускиот национален институт за статистика и економија – Insee денеска објави дека според прелиминарната проценка, годишната стапка на инфлација во Франција во јули падна на 4,3 отсто, од 4,5 отсто во јуни.
Мајската инфлација беше на ниво од 5,1 отсто.
Инфлацијата во Франција сега е на најниско ниво од февруари 2022 година.
Според веб-страницата Insee, овој пад на инфлацијата е резултат на новиот пад на цената на енергенсите од година во година и забавувањето на растот на цените на храната, четврти месец по ред, и на индустриските производи.
Во јули цените на енергијата продолжија да паѓаат – за 3,8 отсто во однос на јунските 3,0 отсто, додека цените на храната пораснаа со побавно темпо – за 12,6 отсто во однос на јунските 13,7 отсто, како и цените на производите – за 3,4 отсто, наспроти јунските 4,2 отсто.
Инфлацијата во услужниот сектор благо порасна за 3,1 отсто во однос на јунските 3,0 отсто.
Подготвено од А.Ѓ.