11.07.2023 Скопе
Српските фудбалери не се надвор од радарот ниту на Саудиска Арабија, која создава вистинска бура на трансфер пазарот. Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на чекор од потпис за Ал Хилал, а по неговите стапки би можел да тргне и Александар Митровиќ.
Митровиќ е на листата на желби на Ал-Хилал, кој веќе стапил во контакт со Фулам и нивниот голгетер.
Саудискиот клуб е решен да го доведе српскиот центарфор и е подготвен да плати значителна плата и обештетување за неговите услуги, па многу брзо би можеле да ги видиме двата асови на „Орлов“ во исти клупски бои.
Центарфорот, роден во Партизан, има одиграно 128 натпревари во Премиер лигата со 38 постигнати голови. Во текот на минатата сезона во дресот на Фулам на 24 првенствени натпревари 14 пати ја погоди мрежата, додека постигна еден гол и во ФА Купот.
Тој во летото 2018 година пристигна во Фулам, чиј дрес претходно го носеше како позајмен играч, од Њукасл за обештетување од околу 25 милиони евра.
Митровиќ пристигна на островот во 2015 година од Андерлехт, а како што стојат работите, по осум години би можел да ја напушти Англија и првпат да се испроба надвор од Европа.
Подготвено од А.Ѓ.