12.07.2023 Скопје
Сеизмолошкиот институт на Србија соопшти дека во текот на ноќта на територијата на Србија се случиле три земјотреси.
Земјотресот кој се случи два и пол часа по полноќ и беше со јачина од 2,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Косовска Митровица.
Во текот на ноќта повторно се тресеше и Крагуевац, нешто по полноќ и земјотресот беше со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот е регистриран и во Крушевац, околу 4 часот и 34 минути утринава, а бил со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала.
Земјотрес вчера го погоди и Крагуевац, кој граѓаните го почувствуваа. Бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала.
Подготвено од А.Ѓ.