10.07.2023 Скопје
Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации објави дека меѓународниот индекс на цените на храната на ФАО повторно падна во јуни, пред се поради падот на цените на житариците и повеќетп видови растителни масла.
Индексот на цените на храната на ФАО, кој ги следи месечните промени на меѓународните цени на прехранбените производи со кои најчесто се тргува, во јуни во просек изнесуваше 122,3 поени, што е за 1,4 отсто помалку во споредба со мај и 23,4 отсто во однос на март 2022 година.
Индексот на цените на житарките на ФАО е намален за 2,1 отсто во јуни во однос на мај. Залихите на пченка се зголемија, благодарение на жетвата во Аргентина и Бразил, а изгледите за производство и жетва се подобрија во клучните производни области на Соединетите Американски Држави.
Меѓународните цени на пченицата паднаа за 1,3 отсто со почетокот на жетвата на северната хемисфера, под влијание на обилните резерви и понискиот извозен данок во Руската Федерација, заедно со подобрените услови во САД.
Меѓународните цени на оризот паднаа за 1,2 отсто.
Индексот на цените на растително масло на ФАО падна за 2,4 отсто во однос на мај, бидејќи пониските глобални цени на палминото и сончогледовото масло повеќе од неутрализираа зголемувањето на цените на маслото од соја и канола, под влијание на временските услови во клучните региони за одгледување.
Индексот на цените на млечните производи на ФАО падна за 0,8 отсто во јуни, предводен од пониските меѓународни цени на сирењето, иако светските цени на путерот се зголемија, поттикнати од активната побарувачка за набавки на самото место, главно од Блискиот Исток.
Индексот на цените на шеќерот на ФАО падна за 3,2 отсто, што е прв пад по четири последователни месечни зголемувања, главно поттикнат од добриот напредок во жетвата на шеќерна трска во Бразил и слабата глобална побарувачка за увоз, особено од Кина.
Индексот на цените на месото на ФАО беше речиси непроменет во јуни, при што цените на живината, меѓународните цени на свинското месо исто така се зголемија, додека цените на говедското и овчо месо паднаа поради зголемената достапност за извоз од Океанија, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на ОН.
Подготвено од А.Ѓ.