05.07.2023 Скопје
Понеделник, 3 јули беше најтоплиот ден на Земјата, според податоците објавени од американската федерална агенција Националната управа за океани и атмосфера (NOAA).
Според агенцијата, просечната атмосферска температура на Земјата на надморска височина од 2 метри над земјината површина била 17,01 степени Целзиусови, бројка без преседан што би ги рефлектирала и ефектите од климатските промени и влијанието на метеоролошкиот феномен Ел Нино, што резултирало со повисоки температури и во делови од северниот дел на САД и Канада.
Претходниот температурен рекорд откриен од NOAA датира од јули 2022 година и август 2016 година, кога просекот на Земјата достигна врв од 16,92 степени Целзиусови.
Подготвено од М.Н.