04.07.2023 Скопје
Постојаната претставничка на Велика Британија во светската организација Барбара Вудворд соопшти дека Советот за безбедност на Обединетите нации на 18 јули за првпат во својата историја ќе одржи седница за вештачката интелигенција.
„За време на претседавањето со Велика Британија првпат ќе разговараме за вештачката интелигенција во Советот за безбедност“, рече Вудворд.
Таа додаде дека целта е да се поттикне дискусија за управување со огромните можности и ризици кои вештачката интелигенција ги носи со себе.
Со седницата ќе претседава британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли, а се очекува да зборуваат генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш и експерти од областа на вештачката интелигенција.
Кон крајот на мај, експертите, вклучително и шефовите на лабораториите за набљудување на вештачката интелигенција OpenAI и Google Deepmind, предупредија дека вештачката интелигенција може да доведе до истребување на човештвото.
Тие изјавија дека ублажувањето на ризикот од истребување од вештачката интелигенција треба да биде глобален приоритет, заедно со другите општествени ризици како што се пандемиите и нуклеарната војна, иако има и такви кои велат дека стравовите се претерани.
Подготвено од А.Ѓ.