28.07.2023 Скопје
Стејт департментот издаде наредба владиниот персонал и членовите на нивните семејства да го напуштат Хаити што е можно поскоро поради криминал и граѓански немири во таа земја.
Стејт департментот ги повика и оние граѓани на САД кои не работат за владата да го напуштат Хаити што е можно поскоро.
Во соопштението се наведува дека киднапирањата на американски државјани се широко распространети на Хаити. На Хаити владее вооружено насилство од банди, кое предизвика хуманитарна криза и раселени десетици илјади луѓе поради честите киднапирања, силувања, мачења и убиства.
Хаити не избра нов лидер откако претседателот Јованел Моиз беше убиен на 7 јули 2021 година.
Подготвено од А.Ѓ.