05.07.2023 Скопје
Со колективна изложба на 21 уметник, синоќа во Тетово заврши 14. издание на „Меѓународната уметничка колонија 2023“ во организација на Националната установа Уметничка галерија – Тетово. Тие ги создадоа своите дела во текот на престојот на Попова Шапка од 1 до 3 јули.
Ликовната колонија почна на 30 јуни со самостојна изложба на сликарката Теута Хоџа Имери, по што уметниците три дена твореа на Попова Шапка. Тие имаа обврска да насликаат две дела со различни мотиви и сликарски техники.
Сите создадени дела беа изложени во просториите на Уметничката галерија – Тетово како завршен дел од активностите по повод Меѓународната манифестација. Учесниците добија пригодни благодарници.
Подготвено од А.Ѓ.