CCHF virus

10.07.2023 Скопје

Се појави вирус кој ја вознемири здравствената заштита низ Европа, Африка и Блискиот Исток. Се стравува дека може да стане голема закана за јавното здравје, а експертите предвидуваат дека наскоро би можел да стигне и до британските брегови.

Откако еден маж почина од Кримско-Конго хеморагична треска, наречена „очно крварење“ поради нејзините застрашувачки симптоми, Светската здравствена организација издаде алармантно предупредување за можноста од нејзино ширење.

Кримско-конгонската хеморагична треска (CCHF) избувна во Ирак и Намибија, а има случаи и во Шпанија, како и смртни случаи пријавени во Пакистан. Веќе е издадено итно здравствено предупредување во кое се опишува треската како моментална најголема закана за јавното здравје и се стравува дека заразата ќе се забрза со климатските промени.

Имено, болеста се шири преку крлежите, а ја предизвикува наировирусот, а според Светската здравствена организација има висока стапка на смртност, меѓу 10 и 40 отсто.

Минатата недела, извори кои разговараа со парламентарниот Комитет за наука, иновации и технологија открија дека е „многу веројатно“ наскоро да има случаи во Велика Британија.

Оваа болест е многу слична на еболата, а според ОН ова е седми пат во последните седум години да се појави во една африканска земја.

Меѓу најчестите симптоми на вирусот се главоболка, висока температура, болки во грбот и зглобовите, болки во стомакот и повраќање. Црвени очи, зацрвенето лице, болки во грлото и петехии (црвени дамки) на непцето се исто така чести. Може да предизвика и промени во расположението и конфузија, како и поспаност. Потоа, како што напредува, се јавува крварење, обично од носот или од пукнати капилари во очите и кожата.

Иако се пренесува со каснување од крлеж, може да се шири меѓу луѓето преку телесни течности и крв или меѓу болнички пациенти доколку медицинската опрема не е правилно стерилизирана.

СЗО предупредува дека епидемиите на CCHF се „закана за јавните здравствени услуги“ и потенцијално резултираат со епидемии во болниците и здравствените установи.

СЗО го идентификуваше CCHF меѓу нејзините „девет приоритетни болести“ кои претставуваат најголем ризик за јавното здравје.

Во моментов не постои вакцина за луѓе или животни заразени со оваа болест.

Во Европа, поточно во Велика Британија, се регистрирани два случаи – во 2012 и 2014 година, кај лица кои дошле од Авганистан и Бугарија. Минатата година во март беше регистриран уште еден случај откако британски државјанин пристигнал од Централна Азија.

Според податоците на СЗО, од овој вирус годишно заболуваат околу 10.000 луѓе, а ризикот од ширење на пандемијата се проценува на три милиони.

Сите граѓани кои планираат да патуваат во кој било дел од Африка или Азија се предупредуваат да го подигнат нивото на претпазливост.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author