kovid mers abu dabi

27.07.2023 Скопје

Светската здравствена организација соопшти дека 28-годишен маж од Абу Даби е позитивен на коронавирус од типот „МЕРС“.

Здравствените служби на Обединетите Арапски Емирати ја информирале СЗО на 10 јули, 17 дена по инфекцијата на 28 годишниот маж.

МЕРС-КоВ (MERS-CoV) е тип на коронавирус кој беше идентификуван на Блискиот Исток во 2012 година. Од тогаш до 2020 година, таа е потврдена кај 2.506 луѓе, од кои 862 починале.

Процесот на инкубација трае во просек 5 дена, по што пациентите развиваат пневмонија, а симптомите вклучуваат висока температура, болки во мускулите, малаксаност, кашлица, дијареа и отежнато дишење.

Во моментов нема одобрена вакцина, ниту пак има препораки за специфичен антивирусен третман.

Најчестиот носител на инфекцијата МЕРС, се камилите и лилјаците, но заразениот маж нема историја дека бил во контакт со овие две врсти на животни.

СЗО продолжува да ја прати епидемиолошката состојба и да врши проценки на ризик во однос на најновите информации, се наведува во соопштението на СЗО.

Подготвено од М.Н.

About Author