crna gora

27.07.2023 Скопје

Тимот на Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа (УПСУЛ) спаси словенечки државјанин на два километри од брегот во Буљарица, со нов апел до туристите да не се изложуваат на животни ризици и да не излегуваат на море при силен ветер.

Како што информираат од УПСУЛ, неговиот двометарски чамец, кој бил расипан, невремето го однела на отворено море.

„И покрај предвидениот северен ветер и предупредувањето да се внимава при испловување, Управата за поморска безбедност и управување со пристаништа добила повик од лице дека гумениот чамец се расипал на плажата Буљарица и дека силната бура го носи до отворено море“, соопштија од Управата.

Се наведува дека оперативците го спасиле словенечкиот државјанин за помалку од 45 минути.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author