francija namaluvanje na inflacijata i dolgovite

03.07.2023 Скопје

Очекувањата на Заводот за статистика на Германија покажуваат дека вкупната инфлација во Германија во јуни ќе изнесува 6,4 отсто. Зголемувањето на цените на храната, кои се поскапи за 13,7 отсто во однос на лани, е главен придонесувач за сѐ уште високата инфлација.

Во мај 2023 година, стапката на инфлација во најголемата европска економија беше 6,1 отсто, така што Федералното биро за статистика (Дестатис) очекува сезонски прилагодената инфлација (од јуни до мај) да биде 0,3 отсто.

„Дестатис“ наведува дека цените на храната продолжија да бележат натпросечен раст, додека цените на енергијата се очекува да бидат за три отсто повисоки во јуни 2023 година во однос на истиот месец лани.

Маслата и мастите поевтинија во мај во однос на лани.

Цените на млечните производи во Германија во мај се поскапи од ленот за 28,2 отсто, лебот и житариците за 19,3 отсто, а рибата, рибните производи и морските плодови за 19 отсто.

Потрошувачите во Германија мораа да платат значително повеќе за други прехранбени производи како „шеќер, џем, мед и други кондиторски производи“ кои беа во просек за 17,9 отсто поскапи во споредба со мај 2022 година.

Зеленчукот во Германија е поскап за 17,3 отсто во мај во споредба со истиот месец во 2022 година.

Од друга страна, мастите и маслата за јадење чинат за 7,1 отсто помалку од една година порано, што е главно последица на падот на цената на путерот (-23,3 отсто).

Подготвено од А.Ѓ.

About Author