zelen vodorod kina

03.07.2023 Скопје

Првата фабрика за зелен водород изградена од нафтениот гигант „Sinopec“ во северниот регион на Ксинџијанг во Кина започна со производство, објавија државните медиуми, потсетувајќи дека фабриката има капацитет да произведува 20.000 тони водород годишно користејќи сончева енергија.

Изградбата на фабриката, која се наоѓа во градот Куќа, започна во 2021 година, со инвестиција од 414 милиони долари. „Sinopec“ исто така има намера да изгради гасовод долг 400 километри за да го олесни транспортот на зелен водород од Внатрешна Монголија до Пекинг.

Кина која е прва во светот по емисии на стакленички гасови и потрошувачка на јаглерод, најави прогресивна конверзија на својот производствен модел и поголема контрола врз употребата на гориво помеѓу 2021 и 2025 година.

Пекинг има намера да го прошири својот национален капацитет на ветер и сончева светлина на најмалку 1.200 гигавати до крајот на деценијата, како дел од нејзините амбициозни цели за одржливост на климата. Според објавените податоци електричната енергија произведена од обновливи извори во 2021 година изнесувала 2,48 милијарди киловат часови, што е еднакво на 29,8 отсто од вкупната потрошувачка на земјата. Инсталираната моќност на ветерните електрани и фотоволтаичните станици во истиот период надмина 300 милиони киловати.

Земјата инвестираше и во изградба на нови погони. Во мај минатата година, во источната провинција Жеџијанг беше пуштена во употреба првата електрана на соларна и океанска енергија, која ќе може да произведува повеќе од сто милиони киловат-часови енергија на годишно ниво.

Владата, исто така, даде приоритет на нуклеарниот развој, овластувајќи ја изградбата на шест нови реактори на национално ниво во април 2022 година. Три нуклеарни централи во исто толку крајбрежни провинции во земјата Шандонг, Жеџијанг и Гуангдонг ќе добијат по два нови реактори, по вкупна цена се очекува да изнесува 120 милијарди јуани (18,7 милијарди долари).

Кина во моментов е трета земја во светот по инсталиран нуклеарен капацитет за производство (55 гигавати), по САД и Франција.

Подготвено од М.Н.

About Author