07.07.2023 Скопје
Германската автомобилска индустрија се опоравува и произведе третина повеќе возила во првата половина на 2023 година отколку во истиот период минатата година, но сè уште е далеку под своите перформанси пред пандемијата, соопшти здружението на секторот VDA.
Со 2,2 милиони автомобили, домашните фабрики испорачале 32 отсто повеќе возила од јануари до крајот на јуни и го намалиле заостатокот во испораката на нарачани автомобили, велат од здружението.
Сепак, производството е сè уште за 10 проценти помало од 2019 година, а заостатокот во испораката на автомобили до клиентите е сè уште над повеќегодишниот просек.
Зголемувањето на производството го одразува намалувањето на тесните грла во синџирите на снабдување, изјави претседателката на VDA, Хилдегард Милер.
„Прогнозата се уште е мрачна. Гледајќи ја општата економска состојба и состојбата на нарачките, може да се очекува дека стапката на раст наскоро ќе ослабне“, вели Милер.
Подготвено од А.Ѓ.