https://www.flickr.com/photos/161807692@N02/43414353402/in/photolist-299nUJw-brEJJ7-nEX6ik-pWbyej-ZL3ZBm-9RbuqZ-9Rbusg-TxoJwu-zM1sKn-pp6ENL-92o7Pa-2nHtoqw-QVhZbj-2fjxStR-2ndHVo2-2nhxdaB-zU6tdF-2nd1Erk-2jwRXnd-EWgZbM-eFLfA5-2hLRY7Y-2nqNgzf-2nppvQ3-2nppjr9-21yEbVN-2ndgSrW-2nqH46i-2ncYLJS-2fjxTsV-2db6MK9-mkxihc-2njdAu5-2n1gcUy-2n1eXt5-AKQLvG-2dVExy2-Suoimm-2ncYwYi-2ik59ub-Suoibw-2fjxTor-2gctevG-SLJXUv-SuoidW-2n9n6vy-2nmH4Fa-akFp8K-sNWJ23-t4c9t3

31.07.2023 Скопје

Претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг изјави дека е неопходно да се забрза процесот на модернизација на кинеските вооружени сили.

„Неопходно е да се подобри воената подготвеност и да се обезбеди безбедност на воздушниот простор со редовна противвоздушна одбрана“, рече Си за време на инспекцијата на Западната борбена командна зона.

Тој повика на континуирани напори за спроведување на обука во реални борбени услови.

„Новата опрема и сили треба да се интегрираат во постоечките борбени системи“, рече Си.

Тој додаде дека партијата мора да го задржи лидерството над вооружените сили во идеолошки, политички и организациски аспект.

Си побара и подобро партиско однесување и спроведување на партиска дисциплина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author