15.07.2023 Скопје
Прекумерното консумирање шеќер го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања, поради што диететичарите советуваат да се намали количината на шеќер на минимум можно. Доколку сакаме целосно или привремено да го исфрлиме шеќерот од исхраната, тоа може да доведе до забележителни промени во нашето тело и расположение. Според The Healthy, постојат неколку придобивки што ќе ни се случат доколку се откажеме од благото.
Експертите предупредуваат дека претерувањето со благи може да доведе до рани брчки, поради што ќе изгледаме постари отколку што сме всушност. Од друга страна, ако го намалиме внесот на шеќер, објаснуваат тие, би можеле да изгледаме помлади. Работата е во тоа што шеќерот предизвикува гликација, процес со кој молекулите на шеќер се врзуваат за колагенот и еластинот во нашата кожа.
Имено, ова се двата главни протеини кои на нашата кожа и даваат младешки својства, а откажувањето или барем намалувањето на количината на шеќер што го внесуваме може да го намали и нивото на гликоза и инсулин во крвотокот, намалувајќи ги хроничното и акутното воспаление поврзано со стареењето.
Ќе бидеме посреќни
Иако многу луѓе мислат дека слатките ќе ги направат среќни, истражувањата всушност докажуваат дека консумирањето шеќер е поврзано со повисоки стапки на депресија. Како што објаснуваат експертите, тоа може да се должи на фактот што шеќерот може да доведе до хронично воспаление, што директно влијае на функцијата на мозокот. Ако го исфрлиме шеќерот од исхраната, може да забележиме дека сме во подобро расположение.
Можеме да изгубиме тежина
Шеќерот може да предизвика зависност, а кога ќе ја намалиме количината што ја јадеме, трошиме помалку калории и слабееме. Имено, кога јадеме рафиниран шеќер, нашето тело не добива сигнал дека сме сити, поради што трошиме повеќе калории отколку што всушност ни се потребни и затоа добиваме вишок килограми. Диететичарите објаснуваат дека нашите хормони природно ќе се регулираат кога ќе го замениме шеќерот со хранлива целосна храна.
Ќе имаме посилен имунитет
Бројни истражувања покажуваат дека прекумерното консумирање на храна богата со шеќер, особено рафинирано, е поврзано со ослабен имунитет. Како резултат на тоа, повеќе сме склони кон разни болести, а доколку го намалиме внесот на слатки, нашиот имунитет ќе биде многу поотпорен.
Подготвено од А.Ѓ.