15.07.2023 Скопје
По двете масовни убиства кои ја оставија Србија без зборови на почетокот на мај, државниот врв донесе низа мерки за борба против насилството, од кои некои се покажаа како ефикасни, а некои дури и не стапија во сила.
Највидлив од сите беше кампањата за предавање на оружјето. За помалку од два месеци беа собрани повеќе од 108.000 парчиња. Рокот за предавање помина, а по само неколку дена паднаа нови жртви.
„Пред сè, потребна ни е кампања за образованието и за последиците од присуството на оружје. Тоа би била брза реакција на овој проблем“, изјави Душан Станковиќ од белградскиот Центар за безбедносна политика.
Најавена е и мерка за намалување на старосната граница за кривична одговорност, од 14 на 12 години, но од Министерството за правда нема одговор до каде е таа. Според експертите, оваа мерка не е во согласност со правата на децата, ниту има ефект да ги одвраќа децата од извршување на кривични дела.
„Една од мерките е присуство на полицијата во училиштата. Тоа е уште една репресивна мерка, која е неодржлива и за полицијата и за училиштата. Тоа не придонесува за подобрување на чувството на безбедност кај учениците, родителите и наставниците“, смета Станковиќ.
За наредната учебна година најавен е поголем број психолози. Во тек е подготовката на наставниците, децата и родителите.
„Креиравме модел на проценка кој е насочен кон проценка на потребите – дали, пред сè, децата имаат некакви потешкотии што треба навреме да се препознаат, за да им се пружи помош“, вели Тамара Џамоња, професор по психологија.
Не е постигнат напредок со другите мерки, вклучително и забраната за медиумски програми кои го нагласуваат насилството, не е јасно како ќе се вршат шестмесечни тестови за наркотици во училиштата, има воведување услуга за врсничко насилство, како и разгледување на мерки за пристап до одредени локации.
Мерките што државата ги најави уште во мај се: вработување на 1.200 полицајци во училиштата (првиот круг беше најавен на 17 јуни), измени на законот за оружје и муниција (веднаш почна ревизијата на лиценците), измени на Кривичен законик (кога се работи за старосната граница), работна група за ментално здравје и борба против врсничкото насилство, како и контрола на операциите на стрелиштето.
Некои од мерките кои беа најавени веднаш по убиствата на експертите им се чинеа или нереални или тешки за спроведување. Како што изјави Јасмина Николиќ од Виктимолошкото друштво, „на самиот почеток беа воведени многу мерки кои првично не беа проверени колку брзо може да се спроведат и дали воопшто може да се спроведат“.
„Ми се чини дека многу мерки беа кажани набрзина, дека не беа консултирани експерти и дека некои може да се спроведат, но не сите“, вели Николиќ.
„Постои големо прашање за намалување на возраста кога децата се кривично одговорни, има аргументи и за и против. Исто така, претходно имаше мерки за собирање нелегално оружје и не можевме да очекуваме дека по два месеци ќе биде предадено целото оружје. Ова треба да се продолжи, можеби на неодредено време“, смета Николиќ.
Таа додава дека реформата на стручните служби во училиштата и образованието „е нешто што не следи, затоа што после вакви настани ќе треба да се справиме, стручните служби да бидат вистински професионални, а не некои каде децата ќе одат да добијат казна“.
Николиќ предупредува дека нема многу време, бидејќи учебната година почнува за месец и половина и вели дека „прашање е колку како општество ќе успееме да промениме и да создадеме безбедна средина за децата кога ќе се вратат на училиште“.
„Вработувањето на голем број полицајци околу училиштето секако не е најдоброто решение, можеби е подобро да се обезбедат влезовите, да се креираат процедури во случај на непредвидени ситуации… имавме и експерти од странство кои пренесоа некој искуствен начин на работи кај нас. Ова лето мора сè во Србија да биде многу зафатено, што ќе донесе промени од септември“, истакнува Николиќ.
За успехот на кампањата за предавање на нелегалното оружје, таа вели дека имало и претходно, но дека тоа само „значи дека се уште има нелегално оружје, а не е најден начин да се бори со него“.
За плановите за намалување на старосната граница за кривична одговорност, Николиќ посочи дека има процедура за таква промена, но дека, според неа, „таквата одлука нема да донесе некоја поголема промена“.
„Сепак, на експертите кои се занимаваат со криминологија, психологија и социологија треба да го дадат своето мислење. Тоа не е одлука што може брзо да стапи во сила, ниту ќе може да се донесе преку ноќ“, заклучи Николиќ.
Подготвено од А.Ѓ.