https://www.facebook.com/photo.php?fbid=699728694843096&set=pb.100044179162138.-2207520000.&type=3

07.07.2023 Скопје

Тестаментот на Силвио Берлускони, поранешниот италијански премиер, беше отворен пред двајца адвокати и во секој момент се очекуваат вести за неговата содржина.

Берлускони, кој неодамна почина на 86-годишна возраст, поседуваше богата колекција на уметнички дела, дури 24.000.

Овие уметнички дела се наоѓаат во хангар на неколку километри од неговата вила во градот Аркоре во Ломбардија, која била и негова официјална резиденција.

Виторио Сгарби, потсекретарот за култура, но и голем пријател на Берлускони, му предложил на „кавалерот“ да ги смести сите уметнички дела во еден голем хангар, за да не стане еден ден музеј „отворен за сите оние кои не се разбираат многу во уметноста“.

Сгарби, познат по својот остар јазик, ги објаснува своите зборови: „За мене ќе беше многу подобро да имаше 2.400 одлични слики отколку 24.000 вакви… но знаеме дека за купувачот на уметнички дела често не е важен квалитетот, туку самата идеја да поседува дело на уметност“.

Љубовта кон уметноста му беше на второ место, љубовта кон жените на прво место. Бидејќи не можеше да има 24.000 жени, имаше 24.000 бакнежи (според песната „24.000 баци“ од Адријано Челентан), т.е. слики“.

Покрај „просечните“ слики, Сгарби спомна и некои ремек-дела како што е Тицијановиот „Портрет на Хиполит де Медичи“ од 1553 година, кој дојде во рацете на Берлускони од Музејот во Кливленд и беше проценет на пет милиони евра.

Потоа, тука е делото на Пјетр Анигони, на кое е претставена Маркеза Казати Стампа, која во 1970 година била убиена од нејзиниот љубоморен сопруг, како и делото на сликар кој бил близок со Леонардо.

Самиот Сгарби изјави дека би било убаво да се отвори музеј на овие слики, но италијанското Министерство за култура, бидејќи е приватна колекција, не може да донесе таква одлука.

Сè на крајот зависи од семејството на Берлускони.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author