01.07.2023 Скопје
Европската унија соопшти дека Шпанија денеска од Шведска го презема ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ.
Договорот од Лисабон утврди дека на секои шест месеци претседавањето со Советот ротира меѓу земјите-членки на ЕУ.
Со шпанското претседателство започнува новата претседателска тројка, вклучувајќи ја Белгија која ќе претседава во првата половина и Унгарија во втората половина на следната година.
Триото дефинира долгорочни цели и подготвува заедничка програма со која се дефинираат темите и главните прашања со кои ќе се занимава Советот во период од 18 месеци.
Ова е петто претседавање со Шпанија, која стана членка на ЕУ во 1986 година.
Таа за прв пат претседаваше во 1989 година, потоа во 1995, 2002 и 2010 година.
Подготвено од А.Ѓ.