https://www.flickr.com/photos/astrographer/6050809524/in/photolist-adFYS9-B6mQ-6519N-sP6wK-bjTaDa-63Riog-N4LJHA-5SmgNJ-LBm4W6-9MHmH8-83iyD2-37wSaX-A5J5L7-8TY7C-7KvoSg-77rCyB-2aVHWWu-JoSwYM-923QXp-bceF5Z-fXESV-dNFdqc-56RQx-byqLHY-4dhM74-awB8Z5-4ZunwP-4ageFT-pcXpix-48UqQB-MiDXcs-njDrDH-7z6dvQ-58u1FA-pLmcc-cTZUA-pufhN7-dknXQM-8eRZXq-psdvrg-bVNUEC-M2zEJ-dbs7oF-9utvbs-5PW5pj-7ZBf8m-35CBPj-yCadx-ay7gpE-4zXRJ

06.07.2023 Скопје

Според податоците на Државната агенција за статистика, индексот на цените на хотелските услуги во јуни 2023, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 12,2 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на хотелските услуги за периодот јануари-јуни 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, е зголемен за 13,3 отсто, а во однос на декември 2022 година е зголемен за 2,8 отсто.

Индексот на цените на хотелските услуги во јуни 2023 година во однос на мај 2023 година е зголемен за 0,3 отсто. Споредено по групи на услуги, пораст е забележан во групите: Храна за 0,2; Алкохолни пијалоци за 1 и Безалкохолни пијалоци за 0,5 отсто.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author