25.07.2023 Скопје

Канадер падна при гаснење на пожар во Грција. Инцидентот се случил во областа Каристос во централна Грција.

Леталото паднало во пожарот додека се обидувало да го изгасне.

Станува збор за грчки авион, со оглед на тоа дека во Грција пристигнаа и странски авиони за да помогнат во гаснењето на пожарот.

Заменик-гувернерот на Евија ја потврди веста, истакнувајќи дека падот на авионот го виделе мештаните.

Во авионот имало две лица.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *