novak djokovic povtorno vo avstralija

29.07.2023 Скопје

Тенискиот рекет со кој Новак Ѓоковиќ ја освои својата прва титула на Вимблдон ќе се најде на аукција во англискиот град Велингборо, а се очекува да биде продаден за 10.000 до 15.000 фунти.

На 3 јули 2011 година, Ѓоковиќ во финалето го победи Рафаел Надал и славејќи го фрли својот рекет во публиката. Таму го фати извесна Коредила Мекензи од Хертфордшир, мајка на две деца, која се сеќава на тој ден.

„Веќе имав доволно среќа да набавам билети за Вимблдон преку лотарија, па беше неверојатно да си одам дома со рекетот што Ѓоковиќ го искористи за да ја освои титулата“, рече таа.

Потоа додаде: „Бев обземена од возбуда за оваа шанса што се случува еднаш во животот од некој чија посветеност и дисциплина во спортот многу ја почитувам“.

Рекетот ќе се појави како дел од пошироката продажба на аукциската куќа Греам Бад, а се очекува да биде изложен на 5 и 6 септември.

„Овој рекет е навистина одлично парче за секој навивач или колекционер на Ѓоковиќ. Тој е во навистина добра состојба по 12 години, со името на Новак втиснато во внатрешноста. Овој рекет претставува клучен момент во неговиот подем да стане еден од најдобрите играчи на сите време“, изјави Дејвид Конвери, раководител на одделот за спортски сувенири на аукцијата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author